НАША ГОРДОСТ.
НАША ОДГОВОРНОСТ.

Дали си полнолетно лице ?

Месец
Година
НЕВАЛИДНА ДАТА НА РАЃАЊЕ, ВНЕСИ ВАЛИДНА ДАТА НА РАЃАЊЕ

За да ја отворите содржихата треба да имате најмалку 18 години.

Страната содржи информации за алкохолни производи кои се наменети за полнолетни лица.
За да продолжите понатаму внесете ги потребните податоци.

НАША гордост.
наша одговорност.

НАША гордост.
наша одговорност.

НАША гордост.
наша одговорност.

Факти што ќе те замислат

Секој од нас, секој ден, создава отпад околу,
2кг

што значи дека

Тежината на отпадот на 25.000 луѓе дневно е еднаква на бродот Александрија, кој тежи

50т

Едно петчлено семејство, за една година ќе создаде отпад еднаков на тежината на споменикот на Св. Кирил и Методија, или

3.5 тони!

Сите ние заедно, за еден ден фрламе доволно отпад за да се наполнат

380

камиони за собирање отпад,

кои поставени еден пред друг, ќе пополнат

3,8 км

од охридското крајбрежје.

НАША ПЛАТФОРМА

Ја создадовме оваа платформа за да алармираме на проблемот со неодговорното одложување на отпадот во прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да им оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и заедно да поттикнеме акција за тие да блеснат во сиот свој сјај.

пред

потоа

пред

потоа

НАША
мисија

ГРИЖА, ЕДУКАЦИЈА, АКЦИЈА!
Нашата крајна цел се природни убавини ослободени од отпад, едуцирана јавност која знае како да ги заштити и да се грижи за нив и заедничка акција за сето тоа да се оствари.
Затоа што, НАШАТА ГОРДОСТ Е НАША ОДГОВОРНОСТ.

ОХРИДСКо езеро

Едно од најстарите, ако не и најстарото природно езеро во светот, Охридското, е најзначајниот и најпознатиот природен бисер што ни го подарила природата. Но, зад преубавите пејзажи и вонземската убавина се кријат многу валкани тајни, производ на нашата неодговорност. Како цврстиот отпад кој се одлага директно во езерото од неодговорни граѓани или доаѓа преку притоките кои се влеваат во него, па сѐ до нетретираните отпадни води со иста крајна дестинација.

Сѐ ова е наше дело!

КАКО ДО ПРомЕНА?

Со мали промени во нашето однесување и дејствување, може да направиме голема разлика!
ИНФОРМИРАЈ СЕ, ЕДУЦИРАЈ СЕ И ДЕЈСТВУВАЈ!

откриј повеќе

НАШИ АКtивности

Ова се нашите дела, создадени заедно со Вас!

„Што ќе оставиме зад себе?“ е главното прашање и порака која СКОПСКО ја упатува во новиот ТВ спот за долгорочната општествено одговорна платформа - НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСT, која првично беше претставена во декември минатата година.
Платформата е создадена со една единствена цел - преку одговорно одложување на отпадот да ги зачуваме прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и да поттикнеме акција за истите да блеснат во сиот свој сјај. Првиот чекор за оваа година е кампањата „Заедно за чисто Охридско езеро“ која што започнува со иницијатива за собирање на средства при што од секое продадено стаклено шише од 0.5л Скопско и Скопско Smooth се издвојува по 1 денар за активности посветени на чистење на нашето најпрепознатливо придодно обележје. Дел од планираните активности, за чија цел ќе се искористат овие средства се поставување на пловни препреки на едни од најголемите загадувачи на Охридското езеро – реката Сатеска и реката Даљан, акции за чистење на крајбрежјето и дното на езерото, како и различни активности кои се фокусирани на подигнување на свесноста за проблемот и едуцирање на општата јавност за решенијата.
„Идејата на оваа кампања е на еден широк и инклузивен начин да ги вклучиме сите љубители на Скопско – со купување на омиленото пиво директно да ја поддржат заложбата и да се вклучат во остварување на идејата за долгорочно одржување на чисто Охридското Езеро. Ова е почеток на кампањата, но во годините кои следат фокусот ќе биде и на останатите природни и културни обележја. „Крајната цел е преку заедничка акција да допринесеме до природни убавини ослободени од отпад и едуцирана јавност која знае како да ги заштити“, изјави Марта Завкова, Сениор Бренд Менаџер на Скопско.
Реализацијата на овој проект е во соработка со клучните партнери Пакомак, Министерството за животна средина и просторно планирање, општините Охрид, Струга и Дебарца, како и волонтерите.
„Полека но сигурно идејата за чиста и зелена иднина позитивно се одразува кај сите, па иако нè чека уште многу работа, секој чекор напред е важен! Во овој момент едукацијата за циркуларна економија е особено важна, а токму преку собирање, селектирање и рециклирање на отпадот може да се придонесе кон почиста средина,“ изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.
За целите на платформата, култните стаклени шишиња на Скопско и Скопско Smooth добија нов, тематски дизајн и веќе се пуштени во продажба.

Што ќе оставиме зад себе?

1.3.2023

Останато

Нова кампања на СКОПСКО чија крајна цел е преку заедничка акција да допринесе до природни убавини ослободени од отпад и едуцирана јавност која знае како да ги заштити.

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Нашата прва акција се одржа на 2 Декември, во Охрид. Таму, заедно со претставници од општините Охрид, Струга и Дебрца, членовите на Црвен Крст Охрид и нуркачите од @amforadiving и @divingcenterakvatek исчистивме 7 локации покрај езерото и во езерото, со вкупна површина од 100 000 м2 и собравме 30м3 отпад или посликовито, два полни камиони за ѓубре. Продолжуваме понатаму!

Нова долгорочна платформа заопштествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.”, чија главна цел езаштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување, промовираше СКОПСКО, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на прес-конференцијата во Пивара Скопје посочи дека една од клучните мисии во заштитата на животната средина е воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад, со што еднаш засекогаш ќе се реши проблемот со расфрланиот смет низ државата и безбројните диви депонии што даваат грда слика за нашите природни и културни богатства.

– Од таа причина ние како Министерство сме отворени за соработка и за поддршка на сите оние што сакаат да се вклучат во тој процес, било со конкретни активности, било со акции за подигнување и градење на свеста дека отпадот има свое место, дека секоj отпад не е ѓубре и најголемиот дел има употребна вредност, а дека со градење на добри навики за постапување со отпадот придонесуваме за чиста животна средина, за зајакнување на економијата и најпосле и за заштита на сопственото здравје. - изјави Нуредини.

Генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ, истакна дека проектот целосно ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржливост согласно платформата „Свет без отпад до 2030 година“, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.

Пивара Скопје е компанија со стогодишна традиција, но целосно посветена на иднината и на одржливиот развој. Преку силата на нашиот најпознат македонски бренд СКОПСКО, ја започнуваме долгорочната платформа, „Наша гордост. Наша одговорност.”, која се фокусира на животната средина и повисоката цел која СКОПСКО како бренд ја има – да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар, сите заедно. Заедно ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја.- потенцираше Сладиќ.

Наша гордост. Наша одговорност”, опфаќа повеке активности за чистење и заштита на Охридското Езеро, со целосна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак, општините Охрид, Струга и Дебрца, нуркачките клубови Амфора и Акватек, волонтерите од Пивара Скопје и Мен анд Маунтаин.

Во акцијата за најава на платформата беа исчистени над 100.000 метри квадратни површина од отпад од дното и крајбрежјето на Охридското Езеро.

За наредната година планирани се уште неколку акции за чистење, како и активности за пошироко вклучување на заедницата, за јакнење на свесноста и заштита на националната гордост Охридското Езеро. Во годините кои следат СКОПСКО ќе опфати и други национални обележја во нашата земја.

НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСТ.

11.2.2023

Останато

„Наша гордост. Наша одговорност.” е општествено одговорна платформа која се фокусира на животната средина и повисоката цел која СКОПСКО како бренд ја има – да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направат светот подобар.

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Нашата прва акција се одржа на 2 Декември, во Охрид. Таму, заедно со претставници од општините Охрид, Струга и Дебрца, членовите на Црвен Крст Охрид и нуркачите од @amforadiving и @divingcenterakvatek исчистивме 7 локации покрај езерото и во езерото, со вкупна површина од 100 000 м2 и собравме 30м3 отпад или посликовито, два полни камиони за ѓубре. Продолжуваме понатаму!

Над 100 волонтери Пиварци, претставници од општините Охрид, Струга и Дебрца, Црвен крст Охрид и нуркачките клубови „Амфора“ и „Акватек“, го чистеа дното и крајбрежјето на Охридското Езеро на седум локации. Во рамки на акцијата, организирана од Пивара Скопје, а поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак, собран е отпад со површина од над 100.000 метри квадратни.

Брендот Скопско секогаш го поддржува она што е суштински значајно и автентично за нашата заедница.

Како еден од најстарите македонски брендови чувствуваме дека нашa одговорност е да се вклучиме и да придонесеме кон заедницата, со особен фокус на заштита на животната средина и активно да делуваме за зачувување на нашите природни и културни богатства, како што е Охридското Езеро. Оваа акција е само вовед во долгорочната платформа за заштита на животната средина која Скопско наскоро ќе и ја претстави на јавноста, изјави Марта Завкова, од Пивара Скопје.

Општина Охрид ја поддржа акцијата, а градоначалникот Кирил Пецаков вети дека и во иднина ќе се вклучуваат во ваквите еколошки акции и ќе дадат поддршка на сите проекти кои се поврзани со заштита на природното богатство.

– Она што сме го добиле како најскапоцен подарок од природата, а светот го вреднува како светско наследство, обврзани сме да го заштитиме и да го сочуваме за идните генерации, рече Пецаков.

Дебрца, според градоначалникот Зоран Ногачески, иако рурална општина, преставува значајна алка со подеднаква одговорност во заштитата на Охридското Езеро.

– Најголемиот слив на Охридското Езеро, реката Сатеска, започнува и завршува во Дебрца и затоа не случајно е дел од природното и културно наследство во регионот заштитено од УНЕСКО, вели Ногачески.

Подводно, како што стои во информацијата, езерото се чистело кај Заливот на коските, кај Градиште и на вливот на реката Сатеска.

ЗАЕДНО... ВО АКЦИЈА!

11.2.2023

Активности

Како еден од најстарите македонски брендови чувствуваме дека нашa одговорност е да се вклучиме и да придонесеме кон заедницата, со особен фокус на заштита на животната средина и активно да делуваме за зачувување на нашите природни и културни богатства, како што е Охридското Езеро.

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

НАСКОРО...

види ги сите

сакам да се вклучам

Скопско продолжува посветено да се грижи за нашите природни убавини. Доколку и вие сакате да се вклучите во иницијативата и да станете СКОПСКО волонтер, пополнете го формуларот во продолжение и ние навремено ќе ве известиме за нашите следни активности.

КОНТАКТИРАЈ НЀ

ПАРТНЕРИ

СО КЛИКАЊЕ НА КОПЧЕТО “Прифати ги сите колачиња”, СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ на КОЛАЧИЊА И ПОЛИТИКАТА нА приватност.