НАША ГОРДОСТ.
НАША ОДГОВОРНОСТ.

Дали си полнолетно лице ?

Месец
Година
НЕВАЛИДНА ДАТА НА РАЃАЊЕ, ВНЕСИ ВАЛИДНА ДАТА НА РАЃАЊЕ

За да ја отворите содржихата треба да имате најмалку 18 години.

Страната содржи информации за алкохолни производи кои се наменети за полнолетни лица.
За да продолжите понатаму внесете ги потребните податоци.

НАША гордост.
наша одговорност.

НАША гордост.
наша одговорност.

НАША гордост.
наша одговорност.

Факти што ќе те замислат

Секој од нас, секој ден, создава отпад околу,
2кг

што значи дека

Тежината на отпадот на 25.000 луѓе дневно е еднаква на бродот Александрија, кој тежи

50т

Едно петчлено семејство, за една година ќе создаде отпад еднаков на тежината на споменикот на Св. Кирил и Методија, или

3.5 тони!

Сите ние заедно, за еден ден фрламе доволно отпад за да се наполнат

380

камиони за собирање отпад,

кои поставени еден пред друг, ќе пополнат

3,8 км

од охридското крајбрежје.

НАША ПЛАТФОРМА

Ја создадовме оваа платформа за да алармираме на проблемот со неодговорното одложување на отпадот во прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да им оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и заедно да поттикнеме акција за тие да блеснат во сиот свој сјај.

пред

потоа

пред

потоа

НАША
мисија

ГРИЖА, ЕДУКАЦИЈА, АКЦИЈА!
Нашата крајна цел се природни убавини ослободени од отпад, едуцирана јавност која знае како да ги заштити и да се грижи за нив и заедничка акција за сето тоа да се оствари.
Затоа што, НАШАТА ГОРДОСТ Е НАША ОДГОВОРНОСТ.

ОХРИДСКо езеро

Едно од најстарите, ако не и најстарото природно езеро во светот, Охридското, е најзначајниот и најпознатиот природен бисер што ни го подарила природата. Но, зад преубавите пејзажи и вонземската убавина се кријат многу валкани тајни, производ на нашата неодговорност. Како цврстиот отпад кој се одлага директно во езерото од неодговорни граѓани или доаѓа преку притоките кои се влеваат во него, па сѐ до нетретираните отпадни води со иста крајна дестинација.

Сѐ ова е наше дело!

КАКО ДО ПРомЕНА?

Со мали промени во нашето однесување и дејствување, може да направиме голема разлика!
ИНФОРМИРАЈ СЕ, ЕДУЦИРАЈ СЕ И ДЕЈСТВУВАЈ!

откриј повеќе

НАШИ АКtивности

Ова се нашите дела, создадени заедно со Вас!

СКОПСКО продолжува со активностите во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ И во годината во која брендот СКОПСКО одбележува 100 години постоење продолжува партнерството со Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи, а пред сè со лојалните купувачи и потрошувачи на брендот. Во фокусот на платформата останува главната цел заштита на животната средина и националните обележја.

Веќе започна продажбата на специјално обележаните шишиња СКОПСКО и СКОПСКО Smooth во рамки на новата иницијатива за собирање средства. За секое продадено шише, 1 денар ќе биде наменет за организирање на неколку акции и инвестиции во опрема за чистење, собирање и селектирање отпад и зачувување на животната средина и македонските знаменитости.

„Продолжува нашата посветеност на зачувување на нашите природни убавини. Фокусот на СКОПСКО како бренд е да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар. Заедно ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја. Оваа кампања ја нагласува долгорочната заложба на СКОПСКО за одржливост, повикувајќи ги сите да придонесат за почиста, позелена иднина.“, вели Марта Завкова, сениор бренд менаџер за СКОПСКО во Пивара Скопје.

Минатата година во рамки на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ беа реализирани акции за чистење на дното на Охридското Езеро и крајбрежјето како и поставување на пловни препреки на реките Сатеска и Даљан за да се спречи загадувањето на Езерото со пловен пакувачки отпад.

Како компанија ориентирана а кон иднината, Пивара Скопје со СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ ќе опфати и други национални обележја во земјата и ќе ги обедини  граѓаните, организациите и институциите кои споделуваат слични вредности.

СКОПСКО ПЛАТФОРМАТА НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСТ И ОВАА ГОДИНА ПРОДОЛЖУВА

22.2.2024

Активности

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во рамки на платформата #НашаГордостНашаОдговорност, на 16 септември, кој воедно е и светски ден за чисти крајбрежја, СКОПСКО организираше две чистачки акции во Охрид, и тоа: на крајбрежјето кај Љубаништа и под вода на Градиште, кај месноста Велидаб.

Како и на претходните акции на копно, во чистењето се вклучија волонтери пријавени на сајтот - www.csr.skopsko.mk, вработени во Пивара Скопје, маркетинг агенцијата Публицис и ЈП Охридски Комуналец, додека акцијата под вода беше остварена со поддршка на нашите пријатели нуркачи, од НЦ „Амфора“.

За време на двете акции беа собрани повеќе од 50 кеси секаков вид на отпад, почнувајќи од пластични шишиња, чаши и чинии, преку конзерви и лименки, па сѐ до текстил, влажни марамчиња и пелени.

СКОПСКО ќе продолжи и понатаму да укажува на проблемот со неодговорното одлагање на отпадот, но и преку дела директно да придонесува за да поттикне промени и во исто време да ги едуцира луѓето за правилниот однос кон животната средина и природните убавини кои се наша гордост, но и наша одговорност.

СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЧИСТИ КРАЈБРЕЖЈА

21.9.2023

Активности

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

СКОПСКО во рамки на својата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ постави пловни препреки на реките Сатеска и Даљан. Главна цел на платформата е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и намалувње на загадувањето. Двете реки се идентификувани како едни од поголемите загадувачи на езерото со пловен и пакувачки отпад и со овие препреки директно се адресира тој проблем.

„Благодарение на потрошувачите кои се вклучија во иницијативата за издвојување 1 денар од секое продадено стаклено шише со посебна етикета Скопско и Скопско Smooth, беа обезбедени средства за поставување на пловни препреки, акции за чистење на крајбрежјето и дното на Охридското Езеро и активности за подигнување на свесноста. Во фокусот на Скопско како бренд останува да ги инспирира луѓето да се обединат за подобра иднина, бидејќи заедно ја делиме одговорноста да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја.“ – изјави Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје, истакнувајќи дека овој проект е во согласност со заложбите на Пивара Скопје за одржливост и Свет без отпад до 2030 година, како и за намалување на ЦО2 емисиите на компанијата до 2040 година.

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска се осврна на партнерскиот однос на Министерството со севкупната бизнис заедница заради спроведување на зелената агенда и реализирање на заеднички иницијативи за заштита на животната средина. „Од огромна важност е соработката на институциите и компаниите во напорите за развивање на одржливо управување со отпад преку селекција, собирање и рециклирање на отпадот. Со воспоставување на солиден дијалог локалната власт, централната власт, бизнис заедницата, новинарите па и сите останати граѓани можеме да придонесеме за заштита на Охридското Езеро но и солидно управување со отпадот. Обединети, преку силни партнерства, можеме да обезбедиме одржлива иднина. Пивара Скопје е пример за општествено одговорна компанија со реални проекти кои прават видливи промени.“ – рече заменик министерката Оџаклиеска.

Пловните препреки на Сатеска и Даљан што ги поставија стручните тимови на Пакомак ќе функционираат како физичка бариера која го сопира пловниот и пакувачки отпад за да не заврши во Охридското Езеро. „Отпадот ќе се собира, селектира и рециклира што е еден од најлесно применливите модели од циркуларната економија кон која стремиме. Горди сме што сме дел од овој проект и што заедно со Пивара Скопје во континуитет работиме на ефикасни решенија за одржливост и зелена иднина.“, изјави Ико Брдароски, Менаџер за развој на бизнис и комуникации во Пакомак.

„Благодарен сум на Скопско за оваа иницијатива со која ќе се спречи огромни количини отпад од Сатеска и Даљан да завршат во Езерото. Општина Охрид активно работи на низа проекти и активности за заштита на Охридското Езеро и подготвени сме да поддржиме вакви и слични иницијативи и да соработуваме со сите затоа што заедничка одговорност е да го исчистиме, чуваме и заштитиме нашиот бисер.“ – изјави градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

„Воодушевен сум што Скопско ја препозна потребата за поставувањето на пловната препрека токму на сливот на Сатеска. Општина Дебрца останува посветена на заштита на Охридското Езеро и отворена за соработка на сите платформи со заедничка цел зачувување на природното богатство на нашиот крај.“ – рече на прес конференцијата Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца.

Во досега реализираните активности се вклучија нуркачките клубови, волонтери, активисти од трите општини и многу заинтересирани граѓани кои заедно чистеа на повеќе локации во и околу езерото. Во изминатите неколку недели се организираа акции за чистење во Охрид, Струга и Дебрца и на трите локации беа собрани 200 кеси со отпад.

Скопско во рамки на платформата „Наша гордост, наша одговорност.“ продолжува со кампања за подигнување на свесноста и упатува апел до сите да се вклучат во акциите што ќе следат и заедно да направиме позитивна промена. Повеќе информации и можност за пријавување за акциите за чистење може да се најдат на веб страната csr.skopsko.mk.

Продолжување на активностите за чисто Охридско езеро

24.8.2023

Останато

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

НАСКОРО...

види ги сите

сакам да се вклучам

Скопско продолжува посветено да се грижи за нашите природни убавини. Доколку и вие сакате да се вклучите во иницијативата и да станете СКОПСКО волонтер, пополнете го формуларот во продолжение и ние навремено ќе ве известиме за нашите следни активности.

КОНТАКТИРАЈ НЀ

ПАРТНЕРИ

СО КЛИКАЊЕ НА КОПЧЕТО “Прифати ги сите колачиња”, СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ на КОЛАЧИЊА И ПОЛИТИКАТА нА приватност.