наши активности
СКОПСКО за Охридско Езеро
16.2.2023
Останато
.jpg)
.jpg)
Да му го вратиме сјајот на нашиот бисер
Mалите промени во навиките и нашето секојдневно однесување се од големо значење за нашите природни убавини, кои ќе ги оставиме во наследство на нашите идни генерации.
Општествено одговорната платформа на најголемиот и најпознатиот македонски пивски бренд, „Наша Гордост. Наша одговорност.“, во чиј фокус е заштитата и чистењето на крајбрежјето и дното на нашиот најубав природен бисер – Охридското Езеро, влегува во својата следна фаза, во која ќе се донира 1 (еден) денар од секое продадено СКОПСКО или СКОПСКО Smooth во стаклена амбалажа, во фондот за чисто Охридско Езеро. Покрај чистењето и заштитата на езерото и сите убавини со кои е окружено, целта на оваа фаза од иницијативата е да помогне во чистењето на езерото и истовремено да го промовира стакленото пакување како одржлив, природен и еколошки избор, кој може да се употребува повеќе пати. Ова не е ништо ново за консументите на СКОПСКО, за кои, во минатото, стаклената амбалажа беше прв избор, што и може да се заклучи од старите СКОПСКО гајби и СКОПСКО пакувања, кои и ден денес може да се најдат по таваните или подрумите на нашите домаќинства. Затоа, нашата крајна цел е да ги инспирираме консументите од постарите генерации да се вратат на својата стара навика, а оние од поновите да оформат нова и да ја направат стаклената СКОПСКО амбалажа свој прв избор, зошто малите промени во навиките и нашето секојдневно однесување се од големо значење за нашите природни убавини, кои ќе ги оставиме во наследство на нашите идни генерации. Зошто, нашата гордост е наша одговорност!