наши активности

СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЧИСТИ КРАЈБРЕЖЈА

21.9.2023

Активности

НА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЧИСТИ КРАЈБРЕЖЈА: СКОПСКО го чистеше крајбрежјето кај Љубаништа и дното кај Градиште

Во рамки на платформата #НашаГордостНашаОдговорност, на 16 септември, кој воедно е и светски ден за чисти крајбрежја, СКОПСКО организираше две чистачки акции во Охрид, и тоа: на крајбрежјето кај Љубаништа и под вода на Градиште, кај месноста Велидаб.

Како и на претходните акции на копно, во чистењето се вклучија волонтери пријавени на сајтот - www.csr.skopsko.mk, вработени во Пивара Скопје, маркетинг агенцијата Публицис и ЈП Охридски Комуналец, додека акцијата под вода беше остварена со поддршка на нашите пријатели нуркачи, од НЦ „Амфора“.

За време на двете акции беа собрани повеќе од 50 кеси секаков вид на отпад, почнувајќи од пластични шишиња, чаши и чинии, преку конзерви и лименки, па сѐ до текстил, влажни марамчиња и пелени.

СКОПСКО ќе продолжи и понатаму да укажува на проблемот со неодговорното одлагање на отпадот, но и преку дела директно да придонесува за да поттикне промени и во исто време да ги едуцира луѓето за правилниот однос кон животната средина и природните убавини кои се наша гордост, но и наша одговорност.

СО КЛИКАЊЕ НА КОПЧЕТО “Прифати ги сите колачиња”, СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ на КОЛАЧИЊА И ПОЛИТИКАТА нА приватност.